Приспособете ги поставките за согласност

Ние користиме колачиња за да ви помогнеме ефикасно да се движите и да извршувате одредени функции. Подолу ќе најдете детални информации за сите колачиња во секоја категорија на согласност.

Колачињата кои се категоризирани како „Неопходни“ се зачувани на вашиот прелистувач бидејќи се неопходни за овозможување на основните функционалности на страницата.... 

Always Active

Потребни се потребни колачиња за да се овозможат основните карактеристики на оваа страница, како што се обезбедување безбедно најавување или прилагодување на вашите поставки за согласност. Овие колачиња не складираат никакви лични податоци за идентификација.

No cookies to display.

Функционалните колачиња помагаат во извршувањето на одредени функционалности како што се споделување на содржината на веб-локацијата на платформите на социјалните медиуми, собирање повратни информации и други функции од трети страни.

No cookies to display.

Аналитичките колачиња се користат за да се разбере како посетителите комуницираат со веб-страницата. Овие колачиња помагаат да се обезбедат информации за метрика како што се бројот на посетители, стапката на отскокнување, изворот на сообраќај итн.

No cookies to display.

Колачињата за изведба се користат за да се разберат и анализираат клучните индекси за перформанси на веб-локацијата, што помага во обезбедувањето подобро корисничко искуство за посетителите.

No cookies to display.

Колачињата за рекламирање се користат за да им се обезбедат на посетителите приспособени реклами врз основа на страниците што сте ги посетиле претходно и да се анализира ефективноста на рекламните кампањи.

No cookies to display.

Друштвото за осигурување ПРВА ЖИВОТ АД Скопје, или по скратениот назив ПРВА ЖИВОТ АД Скопје, е основано во форма на акционерско друштво, со основачки капитал од 4.000.000,00 (четири милиони) евра и при основањето има еден акционер, и тоа:

1. ПРВА ГРУП, осигурителна холдинг компанија, (SKUPINA PRVA, zavarovalniški holding, d.d.), со
седиште на ул. „Фајфарјева“ (Fajfarjeva) бр. 33, Љубљана, Република Словенија.

 


Основната дејност на Друштвото е животно осигурување и работи под приходната шифра 65.11 итоа во осигурителните класи:

  • Осигурување од последици на несреќен случај – незгода (класа 1)
  • Здравствено осигурување (класа 2)
  • Осигурување на живот – опфаќа осигурување во случај на доживување, осигурување во случај на смрт, мешано осигурување на живот, рентно осигурување и осигурување на
    живот со поврат на премии (класа 19)
  • Осигурување на живот во врска со удели во инвестициони фондови, кога осигуреникот го презема инвестициониот ризик во однос на промена на вредноста на инвестиционите купони или други хартии од вредност на инвестиционите фондови (класа 21)

Друштвото работи врз основа на Решение за издавање на дозвола за вршење на работи во осигурување УПЛ.14-1-473 од 11.07.2023 година, донесено од Совет на експерти на Агенција за супервизија на осигурување.

ЕДБ 4080023616406, ЕМБ 7687826, Комерцијална Банка 300000005036179

Седиштето на Друштвото е на ул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ бр. 6, влез 1, кат 2, Скопје, Република Северна Македонија.

Работно време: 08:00 – 16:00 часот.


ВИЗИЈА

Да се развиеме во водечка осигурителна компанија од областа на животното осигурување, да понудиме квалитетни производи и континуирано да работиме на развој на нови.

МИСИЈА

На нашите клиенти им нудиме дополнителна заштита и безбедност во текот на сите животни фази. Ние ги правиме нашите партнери свесни за важноста од навремено преземање одговорност за сопствената иднина. Со чесни и претпазливи деловни операции, обезбедуваме долгорочно задоволство на клиентите и сопствениците. Имаме компетентни, одговорни и задоволни вработени, благодарение на кои успешно ги следиме заедничките цели.

Вредности

Преку нашите корпоративни вредности, ја изразуваме нашата деловна култура и приоритетите утврдени со нашата мисија.

Одговорност

Постапуваме одговорно и очекуваме истото да го сторат сите наши партнери. Ние сме одговорни кон луѓето, природната и социјалната средина и кон сопствениците.

Едноставност

Сите наши активности го следат принципот „помалку е повеќе“. Избегнуваме непроѕирност и криење зад формализми.

Сигурност

Ние се грижиме за нашите клиенти и за членовите на нивните семејства. Ја зајакнуваме финансиската сигурност на нашите клиенти со висококвалитетни осигурителни производи и услуги. Прудентното управување со ризикот се користи за обезбедување на безбедноста на работењето.

Професионализам

Високопрофесионалните вработени обезбедуваат најсовремени осигурителни услуги.

Иновативност

Фокусот на клиентите и технолошкиот развој нè охрабруваат да воведеме најсовремени деловни пристапи.

Храброст

Во нашата дејност, ние се потпираме на себе и поставуваме трендови за нашите корисници.

  •  Г-дин Јанез Крањц, претседател на Одбор на директори
  •  Г-дин Аљоша Томиќ, неизвршен член на Одбор на директори
  •  Г-дин Предраг Милошевски, извршен член на Одбор на директори
2025 © prvazivot.mk   |   Powered by: Genera Development