Политика на приватност
Врз основа на Законот за заштита на личните податоци и член 43 од Статутот на Друштво за осигурување Прва Живот АД Скопје, Одборот на директори на Друштвото на 04/2023 состанок, одржан на 25.09.2023 година, донесе
Политика на Приватност и колачиња на Прва живот АД Скопје
Друштвото за осигурување Прва Живот АД Скопје (понатаму во текстот: Друштвото) во согласност со дејноста која ја врши, врши и обработка на лични податоци согласно важечките прописи во Р.С. Македонија.
Друштвото се грижи за приватностa преку почитување на правото на приватност, почитување на начелата и одредбите за заштита на личните податоци и законска обработка на истите, употребувајќи бројни технички и организациски мерки, со цел да обезбеди адекватно ниво на заштита и безбедност на личните податоци.
ПОДАТОЦИ ЗА КОМПАНИЈАТА И ОФИЦЕРОТ ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Контролор: Прва живот АД Скопје
Седиште: ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.6-1 кат 2 Скопје
https://www.prvazivot.mk/
info@prvazivot.mk
02/ 3122 980
Офицер за заштита на лични податоци во Друштвото
Име и презиме: Јана Дамевска
Е-mail: jana.damevska@prvazivot.mk
КОИ КАТЕГОРИИ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ГИ ОБРАБОТУВАМЕ?
Прва живот АД Скопје, како контролор врши обработка (собирање, евидентирање, организирање, чување итн.) на лични податоци на осигуреници, договарачи на осигурување, нивните законски застапници или полномошници во согласност со одредбите на Законот за заштита на лични податоци и другите релевантни позитивни законски прописи, применувајќи соодветни технички и организациски мерки за обезбедување на заштита и безбедност на личните податоци. Собраните лични податоци се дел од збирките на лични податоци на Прва живот АД Скопје.
Прва живот АД Скопје ги собира, чува, пренесува и користи следните лични податоци:
- податоци наведени во договорот за осигурување (понуда, изјава, барања за
измени и дополнување) анекси и дополнувања на договорот за осигурување; - податоци за случаи на осигурување, проценка на осигурителното покритие и
висина на надоместокот, односно премијата за осигурување; - посебни категории на лични податоци.
КОИ СЕ ЦЕЛИТЕ И ПРАВНИОТ ОСНОВ НА ОБРАБОТКА?
Прва живот АД Скопје личните податоци кои ги собира ги обработува во согласност со дејноста која ја врши. Притоа со цел превземање на активности во делот на прием во
осигурување, склучување на договори за осигурување, како и извршување на права и обврски преземени со склучените договори за осигурување, Друштвото обработува
документи со лични податоци на клиентите.
Прва живот АД Скопје собира, обработува, чува, користи и доставува лични податоци кои се неопходни при склучување на договорите за осигурување (полиси), врз основа на член 109 од Законот за супервизија на осигурување, одредбите од Законот за облигациони односи и одредбите од Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам, а во согласност со Законот за заштита на лични податоци.
Во случаите кога Друштвото остварува контакт со клиентот за цели на директен маркетинг личните податоци ќе бидат искористени само доколку имате дадено согласност за истото:
Прва живот АД Скопје ги обработува Вашите податоци и за остварување на легитимните интереси на Друштвото, согласно одредбите од Законот за заштита на
лични податоци, освен во случаи кога од тие интереси се посилни Вашите интереси или Вашите основни права и слободи кои имаат потреба од заштита на личните
податоци.
НА КОГО МОЖЕ ДА БИДАТ ОТКРИЕНИ ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ (КОРИСНИЦИ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ)?
Вашите податоци ќе бидат обработени исклучиво за целите за кои се собрани. За да се постигнат овие цели, вашите информации по потреба ќе ги откриеме на следниве категории на приматели:
– државни органи и органи со јавни овластувања
– Националното биро за осигурување
– осигурително брокерски друштва и друштва за застапување во осигурување, застапници во осигурување
– друштва за реосигурување
– здравствени установи и лекари
– даватели на ИТ услуги, услуги за печатење и испорака и др.
ПРЕНОС НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
Личните податоци на субјектите на лични податоци се пренесуваат во Прва осебна заваровалница д.д. Љубљана, Словенија, каде што личните податоци се обработуваат
само за цели на чување. При вршење на преносот на личните податоци се обезбедува високо ниво на технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита
на личните податоци. Во рамките на Прва осебна заваровалница д.д. Љубљана, Словенија, се обезбедуваат сите неопходни заштитни мерки за обезбедување на
адекватна заштита и безбедност на личните податоци.
ВРЕМЕНСКИ РОК НА ЧУВАЊЕ НА ПОДАТОЦИТЕ
Прва живот АД Скопје ги чува Вашите лични податоци до истек на законскиот рок за чување, односно се до моментот на постоење на легитимен интерес или дадената согласност.
КОИ СЕ ВАШИТЕ ПРАВА КАКО СУБЈЕКТИ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ?
Според Законот за заштита на личните податоци, Вие имате права за кои треба да Ве информираме. Правата што Ви се достапни зависат од целта, односно причината за обработка на Вашите лични податоци. Повеќе информации со ова тема можете да најдете на веб страницата на Агенцијата за заштита на личните податоци www.azlp.mk односно да поставите прашање до нашиот офицер за заштита на личните податоци или до надлежниот државен орган, односно регулаторно тело на info@privacy.mk. Во продолжение ќе ги најдете основните, односно базичните информации во врска со споменатите права:
1.Право на информирање
Имате право бидете информирани кои лични податоци се обработуваат за Вас и кои се целите и правната основа на нивната обработка.
2. Право на пристап
Имате право да побарате од нас копии од вашите лични податоци. Имате право да добие потврда од Друштвото дали се обработуваат вашите лични податоци, пристап до
личните податоци и информации за целите на обработка, категориите на лични податоци, корисници на кои се откриени, рок за чување и сл.
3.Право на исправка
Имате право да побарате од нас да ги исправиме информациите што мислите дека не се точни. Вие исто така имате право да побарате од нас да ги комплетираме
информациите што мислите дека се нецелосни. Ова право секогаш се применува.
4.Право на бришење
Имате право да побарате од нас да ги избришеме Вашите лични податоци во одредени околности. Ова право се применува само под одредени услови согласно закон.
5.Право на ограничување на обработката
Имате право да побарате од нас да ја ограничиме, односно прекинеме обработката на вашите лични податоци во одредени околности согласно со законот.
6.Право на преносливост на податоци
Ова се однесува само на информациите што Вие ни ги давате. Вие имате право да побарате да ги пренесеме информациите, односно личните податоци што ни ги давате
од една во друга организација (контролор) или да Ви ги дадеме Вам. Правото се применува само ако обработуваме лични податоци засновани на ваша согласност, или
во процес за склучување договор во вие самите сте едната страна односно доколку обработката е автоматизирана или ако ги обработуваме вашите информации за цели
на спроведување на законски обврски од домен на кривичното право и постапка. Во врска со напред наведеното предвидени се одредени исклучоци и согласно Законот
за заштита на личните податоци. За остварување на Вашите права, согласно посочениот пропис, односно постапување по Ваше Барање, согласно законот имаме
рок од еден месец за одговор.
7.Право на повлекување на согласноста за обработка (барање да се прекине целосно со обработката)
Имате право да се спротивставувате на обработка, односно да ја повлечете согласноста во случаите предвидени со важечките прописи од областа на заштита на лични податоци.
8.Право да се жалите (Право на приговор)
Ние работиме со високи стандарди кога станува збор за обработка на Вашите лични информации, сепак доколку имате било какви прашања или проблеми, контактирајте
не на info@prvazivot.mk, по пошта или лично во седиштето на Друштвото и ние ќе одговориме.
Ако сепак во било кој случај останете незадоволни, можете да поднесете жалба за начинот на кој ги обработуваме Вашите лични информации до Агенцијата за заштита
на личните податоци на info@privacy.mk
Агенција за заштита на личните податоци
Седиште: бул.„Гоце Делчев“бр. 18 Скопје
Овластени лица за обработка на лични податоци
Во однос на обработката на личните податоци, Друштвото издава посебни овластувања за обработка на истите на лицата кои имаат договорен деловен однос со Друштвото.
Овие овластени лица, пред започнувањето со својата работа, а воедно и преку организирање на континуирани обуки се запознаваат со заштитата на обработката на
личните податоци. Овластените лица своерачно имаат потпишано Изјава за тајност и заштита на обработката на личните податоци.
Сервиси на Друштвото
Веб–комуникација (Web chat)
Овој сервис служи за добивање на општи информации во врска со осигурителните производи, информации за Друштвото и сл. Податоците кои ги обезбедува Друштвото
преку chat-от, ќе ги користи единствено за комуникација со доставувачот во врска со неговата порака.
Контакт телефон – 02/ 3122 980
Овој сервис служи за добивање на општи информации во врска осигурителните производи, информации за Друштвото, и сл.
КАКО ГИ СОБИРАМЕ ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ?
Освен директно од Вас Вашите лични податоци ги собираме и од други извори како што се: јавни бази на податоци, Вашиот работодавач, застапници во осигурување,
осигурително брокерски друштва, здравствени установи, доктори и сл.