За времетраење на осигурителната година можни се следните измени:
- промена на адресата на договарачот или осигуреникот;
- промена на корисникот на осигурување;
- промена на презимето на договарачот или осигуреникот.
По завршување на траење на осигурителната година можни се следните измени:
- намалување или зголемување на премијата;
- измени во начинот на плакање, промена на број на рати (годишно, полугодишно, квартално или месечно);
- вклучување и исклучување на дополнителни осигурувања.
Сите наведени промени се можни само ако договарачот на осигурување ги достави во писмена форма.