Приспособете ги поставките за согласност

Ние користиме колачиња за да ви помогнеме ефикасно да се движите и да извршувате одредени функции. Подолу ќе најдете детални информации за сите колачиња во секоја категорија на согласност.

Колачињата кои се категоризирани како „Неопходни“ се зачувани на вашиот прелистувач бидејќи се неопходни за овозможување на основните функционалности на страницата.... 

Always Active

Потребни се потребни колачиња за да се овозможат основните карактеристики на оваа страница, како што се обезбедување безбедно најавување или прилагодување на вашите поставки за согласност. Овие колачиња не складираат никакви лични податоци за идентификација.

No cookies to display.

Функционалните колачиња помагаат во извршувањето на одредени функционалности како што се споделување на содржината на веб-локацијата на платформите на социјалните медиуми, собирање повратни информации и други функции од трети страни.

No cookies to display.

Аналитичките колачиња се користат за да се разбере како посетителите комуницираат со веб-страницата. Овие колачиња помагаат да се обезбедат информации за метрика како што се бројот на посетители, стапката на отскокнување, изворот на сообраќај итн.

No cookies to display.

Колачињата за изведба се користат за да се разберат и анализираат клучните индекси за перформанси на веб-локацијата, што помага во обезбедувањето подобро корисничко искуство за посетителите.

No cookies to display.

Колачињата за рекламирање се користат за да им се обезбедат на посетителите приспособени реклами врз основа на страниците што сте ги посетиле претходно и да се анализира ефективноста на рекламните кампањи.

No cookies to display.

1. Што е полиса?

Полиса е пишан документ со кој се потврдува договорот за осигурување.

 

2. Што е премија?

Премија претставува износ кој го плаќа договорувачот врз основа на договорот за осигурување.

 

3. Кој е договорувач на осигурување?

Договорувач на осигурување е лицето кое го склучува договорот за осигурување, кое има
обврска да ја плаќа премијата и на кого му припаѓаат сите права и обврски од договорот за
осигурување на живот.

 

4. Што е осигуреник?

Осигуреник е лицето чиј живот е осигуран.

 

5. Кој е корисник на осигурување?

Корисник на осигурување е лицето кое во случај на настанување на осигурен случај има право
на надомест на осигурување.

 

6. Кој може да склучи договор за осигурување на живот?

Договорувач на осигурување на живот може да биде полнолетно физичко лице кое е
работоспособно, а осигуреник може да биде лице кое има навршено најмалку 14 години
живот. Како договорувач на осигурување може да биде и правно лице, а како осигуреници да
бидат неговите вработени.

 

7. Дали со животната полиса ми е осигуран само животот?

Освен основното осигурување на животот, можете да договорите и дополнително осигурување од
последици на несреќен случај, дополнително осигурување во случај на инвалидитет,
дополнително осигурување од тешки болести, дополнително осигурување од скршеници и
дислокации, дневен ануитет во случај на инвалидитет и исплата на болнички денови и дневен
надомест.

 

8. Зошто да направам животно осигурување?

Oсигурувањето на живот не е за Вас. Претставува заштита на оние кои зависат од Вас. Тоа е најчест
облик на осигурување во развиените земји. Во случај на смрт на осигуреното лице, осигурената
сума во целост се исплаќа на наведените наследници.

 

9. Колку е минимумот што треба да го плаќам (најниската месечна премија)?

Најниската месечна премија изнесува 5 € и се плаќа во денарска противвредност по среден курс
на НБРМ на денот на уплата.

 

10. За кој период може да се договори осигурување на живот?

Осигурување на живот може да се договори најкратко на 5 години траење, а најдолго на 30
години. Горната старосна граница на завршување на траење на осигурувањето е 75 години
старост на осигуреникот.

 

11. Што е осигурена сума?

Износот кој осигурувачот е должен да го исплати на корисникот на осигурувањето во случај на
настапување на смрт.

 

12. Кои измени на полисата се дозволени и кога може да се направат?

За времетраење на осигурителната година можни се следните измени:
– промена на адресата на договарачот или осигуреникот;
– промена на корисникот на осигурување;
– промена на презимето на договарачот или осигуреникот.

По завршување на траење на осигурителната година можни се следните измени:
– намалување или зголемување на премијата;
– измени во начинот на плакање, промена на број на рати (годишно, полугодишно, квартално
или месечно);
– вклучување и исклучување на дополнителни осигурувања.

Сите наведени промени се можни само ако договарачот на осигурување ги достави во писмена
форма.

2025 © prvazivot.mk   |   Powered by: Genera Development