Употреба на колачиња
Колачиња (Cookies)
Cookies („колачиња“) се мали датотеки кои се користат за прибирање на информации преку кои се овозможува препознавање на вашиот компјутер односно уред при вашата следна посета на нашата веб-страна со што се овозможува побрз пристап. Исто така, во одредени случаи запишуваме информации во форма на Cookies на Вашиот компјутер или друг уред кој го користите со цел да ја приспособиме посетата на интернет страниците според Вашите потреби и навики.
Сите информации кои се меморираат во рамките на Cookies ќе бидат искористени само за потребите на web-сајтот и тоа на начин на кој Вашата приватност нема да биде
загрозена односно компромитирана. Со пристапувањето односно користењето на оваа веб-страница, се смета дека сте
запознаени, т.е. се согласувате односно ги прифаќате одредбите наведени во Политиката за приватност на Друштвото.
Зошто користиме колачиња (Cookies)?
На нашата веб-страница користиме колачиња (Cookies) од следниве причини:
1. За техничко функционирање на веб-страницата;
2. За собирање на збирни и анонимни статистички податоци;
3. За да ги запомниме Вашите преференции за јазик;
4. За да запомниме/да се потсетиме дали се согласувате (или не) со нашето користење на колачиња (cookies) на оваа веб-страница;
5. Воедно собираме податоци за што користиме услуга од трета страна Google Analytics, да собереме стандардни информации за пристапот идетали за однесувањето на посетителите, но на начин без да може некој да биде идентификуван, ниту е овозможено Google да го открие идентитетот на оние кои ја посетиле нашата веб-страна;
6. Се собираат колачиња за што се користи услуга од трета страна Facebook, за функционирање на дополнителниот модул за Live chat.
Кога ја посетувате нашата веб-страница, можеме да собереме и некои други информации односно податоци од Вашето пребарување, како на пример: IP адресата, која содржина од веб-страницата на Друштвото сте ја посетиле, кога сте ја посетиле и од која веб-страница сте биле пренасочени. Кога ја посетувате нашата веб-страна, користиме услуга на трета страна Google Analytics да собереме стандардни информации за пристапот и детали за однесувањето на посетителите, но на начин без да може некој да биде идентификуван, ниту е овозможено Google да го открие идентитетот на оние кои ја посетиле нашата веб страна.
Каков вид на колачиња (Cookies) користиме?
Користиме постојани колачиња (Cookies), кои го паметат пребарувањето/сесијата кога корисникот ќе го исклучи пребарувачот, со цел да се задржи состојбата на корисникот.
При првото пристапување кон нашата веб-страница имате можност да се запознаете со видот на колачињата и со можноста да одберете какви колачиња ќе дозволите да се
постават на Вашиот уред. За таа цел се појавува посебен прозорец (pop-up) со информации за колачиња.
Изборот на cookies исто така може да го правите преку опцијата – Cookie settings, на почетниот екран од веб-сајтот на Друштвото.
Информации како да ги оневозможите колачињата за сите веб-сајтови Менито Help („помош“) во лентата со алатки на Интернет пребарувачот на вашиот
компјутер ги дава следниве информации за корисниците:
- Како да го спречите прифаќањето на нови колачиња во пребарувачот;
- Како да го поставите пребарувачот да Ве извести кога ќе примите ново
колаче; - Како целосно да ги исклучите колачињата.
Постојат многу онлајн информации за колачиња, како што е: http://www.allaboutcookies.org (на англиски јазик), во случај да сакате да прочитате повеќе.
На пример, ако користите Internet Explorer верзија 11.0, морате да го направите следново:
- Изберете Settings, а потоа Internet Options;
- Кликнете на табулаторот Privacy;
- Со помош на лизгачкото мени изберете ги опциите што ги преферирате.
Видеонадзор
Друштвото не врши видеонадзор во ниту еден облик.
Постапување во случај на инцидент/неовластено откривање/загуба на лични податоци Во случај на сигурносен инцидент, откривање или загуба на лични податоци,
Друштвото доколку располага со контакт податоци, ги известува засегнатите субјекти на лични податоци за настанатиот инцидент, а доколку се работи за инцидент од
поголеми размери, Друштвото за тоа известува преку јавно соопштение или преку соодветна објава на својот веб-сајт, не подоцна од 72 часа од сознанието за
настанатиот инцидент.
Заштита на личните податоци при користење на Facebook
На нашата веб страница е интегрирана компонента на Facebook. Facebook е социјална мрежа – место за социјални состаноци на Интернет кое на корисниците им овозможува
да комуницираат едни со други во виртуелен простор. Социјалната мрежа може да послужи како платформа за размена на мислења и искуства или за добивање лични
или деловни информации. Facebook им овозможува на корисниците да креираат приватни профили, да поставуваат фотографии и да се поврзат преку барања за
пријателство. Facebook, Inc., 1 Hacker Way, Menlo Park, Калифорнија 94025, Соединетите Американски Држави (САД) е контролор на податоците на субјектите од САД и Канада.
Ако субјектот живее надвор од САД или Канада, контролор е Facebook Ireland Ltd., 4 Grand Canal Square, Grand Canal Harbour, Даблин 2, Ирска. Секогаш кога ќе ја посетите нашата веб страница, на која е интегрирана компонентата на Facebook (Facebook plug-in), веб пребарувачот на Вашиот информациски систем автоматски се поттикнува да испрати приказ на соодветната компонента на Facebook. Преглед на сите Facebook plug-in може да се обезбеди на https://developers.facebook.com/docs/plugins/ . За време на овој технички процес,
Facebook е информиран за тоа која веб страница сте ја посетиле. Facebook секогаш прима информации за посетата на нашата веб страница, кога сте
најавени на Facebook за време на посета на нашата веб страница. Доколку не сакате овие информации да се пренесуваат на Facebook, одјавете го Вашиот кориснички
профил на Facebook пред да ја посетите нашата веб страница. Упатството за заштита на податоците објавено од Facebook е достапно
на https://facebook.com/about/privacy/ . Тоа содржи информации за собирањето, обработката и употребата на личните податоци од страна на Facebook. Покрај тоа,
објаснето е какви поставки нуди Facebook за заштита на Вашата приватност. Дополнително, достапни се различни опции на поставки, за да се оневозможи
преносот на податоци на Facebook.
Заштита на личните податоци при користење на Instagram
На нашата веб страница е интегрирана компонентата на Instagram. Instagram е услуга која може да се опише како аудиовизуална платформа, која на корисниците им
овозможува споделување на фотографии и видеозаписи, како и ширење на таквите податоци на другите друштвени мрежи. Facebook Ireland Ltd., 4 Grand Canal Square, Grand Canal Harbour, Даблин 2 Ирска е контролор на личните податоци кои се обработуваат преку Инстаграм. Секогаш кога ќе ја посетите нашата веб страница, на која е интегрирана компонентата Instagram (копчето Insta), веб пребарувачот на информацискиот систем на корисникот, автоматски бара да преземе приказ од соодветната Instagram компонента. Во текот на оваа техничка постапка, Instagram знае која веб страница сте ја посетиле. Доколку истовремено сте пријавени на Instagram, Instagram ги детектира сите посети
на нашата веб страница од Ваша страна и севкупното време поминато на нашата веб страница. Тие податоци се собираат преку Instagram компонентата и се поврзуваат со
Вашиот Instagram профил. Ако кликнете на Instagram копчето кое е интегрирано на нашата веб страница, Instagram ги поврзува овие податоци со Вашиот личен Instagram
кориснички профил и ги зачувува личните податоци. Instagram прима информации преку компонентата Instagram дека сте ја посетиле
нашата веб страница под услов истовремено да сте пријавен на Instagram за време на посетата на нашата веб страница. Тоа се случува независно од тоа дали сте кликнале
на Instagram копчето или не. Доколку не сакате овие информации да се пренесуваат на Instagram, одјавете се од Instagram профилот пред да ја посетите нашата веб
страница. Дополнителни информации и важечки одредби за заштита на личните податоци на Instagram можат да се најдат на следниот
линк https://help.instagram.com/155833707900388 и https://www.instagram.com/about/legal/privacy/ .
Заштита на личните податоци при користење на YouTube
На нашата веб страница интегрирана е компоненти на YouTube. YouTube е Интернет видео портал кој овозможува бесплатно публикување на видео клипови, како и
бесплатно гледање, прегледување и коментирање на истите. YouTube ви овозможува објавување на секаков вид на видео записи, при што може да имате целосен пристап
до филмовите, ТВ емисиите, музичките видеа, најави и видеа направени од корисниците преку Интернет порталот. Google Ireland Limited, Gordon House, Barrow Street, Даблин, D04 E5W5, Ирска е контролор на личните податоци кои се обработуваат преку YouTube. Со секое повикување на една од одделните страници на оваа Интернет страница, со
која управува контролорот и на која е интегрирана компонента на YouTube (видео на YouTube), автоматски се бара веб пребарувачот на информацискиот систем на
корисникот да ја преземе соодветната компонента на YouTube. Дополнителни информации за YouTube може да најдете на https://www.youtube.com/about/ . YouTube и Google ќе добијат информации преку компонентата YouTube дека субјектот на личните податоци ја посетил нашата веб страница, доколку субјектот на личните податоци за време на повикот на нашата веб страница е најавен на YouTube; ова се случува без оглед дали лицето кликнало видео на YouTube или не. Доколку субјектот на личните податоци не сака оваа информација да биде пренесена до YouTube и Google во тој случај треба да се одјави од сопствениот профил на YouTube пред да ја повика на нашата веб страница. Одредбите за заштита на личните податоци на YouTube, достапни на https://www.google.com/intl/en/policies/privacy/ , обезбедуваат информации за собирање, обработка и употреба на личните податоци од YouTube и Google. Заштита на личните податоци при користење на Google Analytics На нашата веб страница, интегрирана е компонентата Google Analytics. Google
Analytics е услуга за веб анализа – собирање и анализа на податоците за однесувањето на корисниците на веб страниците. Меѓу другото, се собираат информации за веб
страницата од која потекнува корисникот (т.н. Referrer), како и колку често и колку долго трае посетата на веб страницата. Веб анализата главно се користи за
оптимизирање на веб страницата.
Компанијата што ја обезбедува компонентата Google Analytics е Google Ireland Limited, Gordon House, Barrow Street, Даблин, D04 E5W5, Ирска.
Google Analytics поставува колаче на информацискиот систем на корисникот. Дефиницијата за колачиња е објаснета погоре. Со поставување колаче, Google може
да ја анализира употребата на нашата веб страница. Колачето се користи за собирање и чување на лични податоци, како што се времето на пристап, местото од каде се
пристапува и зачестеноста на посетите на нашата веб страница од страна на корисникот. Со секоја посета на нашата веб страница, ваквите лични податоци,
вклучително и IP-адресата што ја користи корисникот за пристап до Интернет, ќе бидат пренесени на Google во САД и зачувани од Google во САД. Google може да ги
пренесе овие лични податоци на трети лица. Со соодветно прилагодување на веб пребарувачот можете да спречите поставување на колачиња преку нашата веб страница, но и трајно да забраните поставување на колачиња. Ваквото прилагодување на веб пребарувачот исто така би спречило Google Analytics да поставува колачиња на Вашиот информациски систем. Покрај тоа, колачињата што веќе ги користи Google Analytics може да се избришат во секое време преку веб пребарувач или други софтверски програми.
Воедно, можете да преземете и инсталирате додаток на веб пребарувачот на https://tools.google.com/dlpage/gaoptout . Овој додаток на веб пребарувачот му кажува на Google Analytics преку JavaScript да не се пренесуваат какви било податоци и информации за Вашите посети на веб страници. Инсталирањето додатоци на пребарувачот се смета за приговор кон Google. Ако Вашиот информациски систем подоцна е избришан, форматиран или повторно инсталиран, мора повторно да ги инсталирате додатоците на веб пребарувачот за да го оневозможи Google Analytics. Ако додатокот на веб пребарувачот е деинсталиран или оневозможен, можно е повторно да се инсталира или активира.
Дополнителни информации и важечки одредби за заштита на податоците од Google може да се преземат на:
https://policies.google.com/privacy?hl=en и https://marketingplatform.google.com/about/analytics/terms/us/ .
Google Analytics е дополнително објаснет на следниот линк: https://marketingplatform.google.com/about/analytics/ .
ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Оваа Политика влегува во сила и ќе се применува од денот на донесувањето. Оваа Политика, како и новите и/или изменети верзии на истата ќе бидат јавно објавени на веб-страната на Друштвото.
ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ ОНЛАЈН
Целта на оваа политика е да ги информира посетителите на веб-страницата за заштитата на нивната приватност во ПРВА Живот. Сигурни сме дека како корисник на веб-страниците на Прва Живот да знаеме како ја штитиме вашата приватност.
Дознај повеќеПолитика за заштита на лични податоци на клиентите
Со цел да ви ги обезбедиме сите информации што ви се важни, подготвивме дополнителни објаснувања поврзани со клучните аспекти на обработката на вашите лични податоци кога работиме со вас. Ги сумиравме во предметот Политика за заштита на лични податоци за нашите клиенти.
Дознај повеќе