ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ НА ДРУШТВО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ ПРВА ЖИВОТ АД СКОПЈЕ

ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ НА ДРУШТВО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ ПРВА ЖИВОТ АД СКОПЈЕ
Друштвото за осигурување ПРВА ЖИВОТ АД Скопје (понатаму во текстот: Друштвото) во согласност со дејноста која ја врши (осигурување на живот), врши и обработка на лични податоци согласно важечките прописи во Р.С. Македонија.
Друштвото се грижи за заштитата на личните податоци преку почитување на правото на приватност, почитување на начелата и одредбите за заштита на личните податоци и законска обработка на истите, употребувајќи бројни технички и организациски мерки, со цел да обезбеди адекватно ниво на заштита и безбедност на личните податоци.
ПОДАТОЦИ ЗА КОМПАНИЈАТА И ОФИЦЕРОТ ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Контролор: Друштво за осигурување ПРВА ЖИВОТ АД Скопје
Седиште: ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.6-1 кат 2 Скопје
интернет страна: https://www.prvazivot.mk/
е-маил: info@prvazivot.mk
телефон:: 02/ 3122 980
Офицер за заштита на лични податоци во Друштвото
Име и презиме: Зоран Пандев
Е-mail: zoran.pandev@prvazivot.mk
КОИ КАТЕГОРИИ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ГИ ОБРАБОТУВАМЕ?
ПРВА ЖИВОТ АД Скопје, како контролор врши обработка (собирање, евидентирање, организирање, чување итн.) на лични податоци на осигуреници, договарачи на осигурување, корисници на осигурување, нивните законски застапници или полномошници во согласност со одредбите на Законот за заштита на лични податоци и другите релевантни позитивни законски прописи, применувајќи соодветни технички и организациски мерки за обезбедување на заштита и безбедност на личните податоци. Собраните лични податоци се дел од збирките на лични податоци на ПРВА ЖИВОТ АД Скопје.
ПРВА ЖИВОТ АД Скопје ги обработува следните категории лични податоци:
- податоци наведени во договорот за осигурување (понуда, изјава, барања за измени и дополнување)
анекси и дополнувања на договорот за осигурување; - податоци за осигурани случаи (штети), потребни за проценка на осигурителното покритие и висина
на надоместокот за штета; - посебни категории на лични податоци – здравствени податоци кои ни се потребни за проценка на
ризикот при прием во осигурување.
КОИ СЕ ЦЕЛИТЕ И ПРАВНИОТ ОСНОВ НА ОБРАБОТКА?
ПРВА ЖИВОТ АД Скопје личните податоци кои ги собира ги обработува во согласност со дејноста која ја
врши. Притоа со цел превземање на активности во делот на прием во осигурување, склучување на договори
за осигурување, како и извршување на права и обврски преземени со склучените договори за осигурување,
Друштвото обработува лични податоци на клиентите.
ПРВА ЖИВОТ АД Скопје собира, обработува, чува, користи и доставува лични податоци кои се неопходни
при склучување и исполнување на договорите за осигурување (полиси) или своите законски обврски, врз
основа на член 109 од Законот за супервизија на осигурување, одредбите од Законот за облигациони односи,
Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам, даночните прописи, а во согласност со
Законот за заштита на лични податоци.
Во случаите кога Друштвото остварува контакт со клиентот за цели на директен маркетинг личните податоци
ќе бидат искористени само доколку клиентот има дадено согласност за истото.
ПРВА ЖИВОТ АД Скопје ги обработува личните податоци и за остварување на легитимните интереси на
Друштвото, согласно одредбите од Законот за заштита на лични податоци.
НА КОГО МОЖЕ ДА БИДАТ ОТКРИЕНИ ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ (КОРИСНИЦИ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ)?
Вашите податоци ќе бидат обработени исклучиво за целите за кои се собрани. За да се постигнат овие цели,
вашите информации по потреба ќе ги откриеме на државни органи и органи со јавни овластувања, на нивно
законито барање или заради исполнување на законски обврски и на надворешниот ревизор ангажиран од
ПРВА ЖИВОТ АД Скопје, а по потреба и на друштва за реосигурување заради реосигурително покритие (ако
е потребно) или даватели услуги за поштенска испорака и др. Сите овие категории на корисници се
договорно или законски обврзани на тајност, доверливост и заштита на личните податоци.
ПРЕНОС НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
Личните податоци не се пренесуваат во земја надвор од ЕУ, согласно дефинициите за Законот за заштита на
личните податоци .
ВРЕМЕНСКИ РОК НА ЧУВАЊЕ НА ПОДАТОЦИТЕ
Податоците кои ги давате ќе се чуваат согласно рокот предвиден во интерните акти за архивско работење на Прва Живот и кој рок е определен согласно Законот за архивски материјал, ЗППФТ, законите од областа на даноците (или др.закони кои би ги замениле или дополниле). Рокот е 10 години од престанокот на деловниот однос.
КОИ СЕ ВАШИТЕ ПРАВА КАКО СУБЈЕКТИ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ?
Според Законот за заштита на личните податоци, Вие имате права за кои треба да Ве информираме. Правата што Ви се достапни зависат од целта, односно причината за обработка на Вашите лични податоци. Повеќе информации со ова тема можете да најдете на веб страницата на Агенцијата за заштита на личните податоци www.azlp.mk односно да поставите прашање до нашиот офицер за заштита на личните податоци или до надлежниот државен орган, односно регулаторно тело на info@privacy.mk. Во продолжение ќе ги најдете основните, односно базичните информации во врска со споменатите права:
1. Право на информирање
Имате право бидете информирани кои лични податоци се обработуваат за Вас и кои се целите и правната основа на нивната обработка.
2. Право на пристап
Имате право да побарате од нас копии од вашите лични податоци. Имате право да добие потврда од Друштвото дали се обработуваат вашите лични податоци, пристап до личните податоци и информации за целите на обработка, категориите на лични податоци, корисници на кои се откриени, рок за чување и сл. Постојат некои исклучоци, според законот, што значи дека не секогаш може да ги добивате сите информации што ги обработуваме
3. Право на исправка
Имате право да побарате од нас да ги исправиме информациите што мислите дека не се точни. Вие исто така
имате право да побарате од нас да ги комплетираме информациите што мислите дека се нецелосни. Ова
право секогаш се применува.
4.Право на бришење
Имате право да побарате од нас да ги избришеме Вашите лични податоци во одредени околности. Ова право
се применува само под одредени услови согласно закон.
5. Право на ограничување на обработката
Имате право да побарате од нас да ја ограничиме, односно прекинеме обработката на вашите лични
податоци во одредени околности согласно со законот.
6. Право на преносливост на податоци
Ова се однесува само на информациите што Вие ни ги давате. Вие имате право да побарате да ги пренесеме
информациите, односно личните податоци што ни ги давате од една во друга организација (контролор) или
да Ви ги дадеме Вам. Правото се применува само ако обработуваме лични податоци засновани на ваша
согласност, или во процес за склучување договор во вие самите сте едната страна односно доколку
обработката е автоматизирана или ако ги обработуваме вашите информации за цели на спроведување на
законски обврски од домен на кривичното право и постапка. Во врска со напред наведеното предвидени се
одредени исклучоци и согласно Законот за заштита на личните податоци.
7. Право на повлекување на согласноста за обработка (барање да се прекине целосно со обработката)
Имате право да се спротивставувате на обработка, односно да ја повлечете согласноста во случаите
предвидени со важечките прописи од областа на заштита на лични податоци. Повлекувањето на согласноста
ќе резултира со неможност за понатамошно покритие од осигурување и користење на правата на истото и
дека повлекувањето не влијае на законитоста на обработката на личните податоци која е извршена пред повлекувањето
8. Право да се жалите (Право на приговор)
Ние работиме со високи стандарди кога станува збор за обработка на Вашите лични информации, сепак
доколку имате било какви прашања или проблеми, контактирајте не на info@prvazivot.mk, по пошта или лично Бул.„Гоце Делчев“ бр.18, Скопје, интернет страна https://аzlp.mk, е-маил: info@privacy.mk, тел. 02/3230635
во седиштето на Друштвото и ние ќе одговориме. Ако сепак во било кој случај останете незадоволни, можете
да поднесете жалба за начинот на кој ги обработуваме Вашите лични информации до Агенција за заштита на
личните податоци,
на личните податоци на info@privacy.mk
9. 9. Автоматизиран процес на одлучување и профилирање
Постои автоматизиран процес на одлучување при склучување на договор за осигурување во делот на прием во осигурување, вклучувајќи го и профилирањето како што е наведено во членот 26 од ЗЗЛП и дека ви е дадена можност во случај да не се согласувате со резултатот од процесот на одлучување, да побарате индивидуален прием во осигурување, без автоматизиран процес на одлучување.
Од Вас нема да се бара да платите никаква такса, односно надомест за остварување на горенаведените права, освен кога тоа во зависност од Вашето барање е поврзано со особено голем број на операции или активности поврзани со фискални импликации за што ќе бидете однапред информирани. Во врска со напред наведеното предвидени се одредени исклучоци и согласно Законот за заштита на личните податоци. За остварување на Вашите права, согласно посочениот пропис,односно постапување по Ваше Барање,согласно
законот имаме рок од еден месец за одговор.
Во однос на обработката на личните податоци, Друштвото издава посебни овластувања за обработка на истите на лицата кои имаат договорен деловен однос со Друштвото.
Овие овластени лица, пред започнувањето со својата работа, а воедно и преку организирање на континуирани обуки се запознаваат со заштитата на обработката на
личните податоци. Овластените лица своерачно имаат потпишано Изјава за тајност и заштита на обработката на личните податоци.
КАКО ГИ СОБИРАМЕ ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ?
Освен директно од Вас Вашите лични податоци ги собираме и од други извори како што се: јавни бази на
податоци, Вашиот работодавач, застапници во осигурување, осигурително брокерски друштва, друштва за
застапување во осигурување, здравствени установи, доктори и сл.
ВИДЕОНАДЗОР
Друштвото не врши видеонадзор во ниту еден облик.
ПОСТАПУВАЊЕ ВО СЛУЧАЈ НА ИНЦИДЕНТ/НЕОВЛАСТЕНО ОТКРИВАЊЕ/ЗАГУБА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Во случај на сигурносен инцидент, откривање или загуба на лични податоци, Друштвото доколку располага со
контакт податоци, ги известува засегнатите субјекти на лични податоци за настанатиот инцидент, а доколку
се работи за инцидент од поголеми размери, Друштвото за тоа известува преку јавно соопштение или преку
соодветна објава на својот веб-сајт, не подоцна од 72 часа од сознанието за настанатиот инцидент.
ОВЛАСТЕНИ ЛИЦА ЗА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Во однос на обработката на личните податоци, Друштвото издава посебни овластувања за обработка на
истите на лицата кои имаат договорен деловен однос со Друштвото. Овие овластени лица, пред
започнувањето со својата работа, а воедно и преку организирање на континуирани обуки се запознаваат со
заштитата на обработката на личните податоци. Овластените лица своерачно имаат потпишано Изјава за
тајност и заштита на обработката на личните податоци.
Сервиси на Друштвото
Веб–комуникација (Web chat)
Овој сервис, кога ќе се воведе, ќе служи за добивање на општи информации во врска со осигурителните производи, информации за Друштвото и сл. Податоците кои ги обезбедува Друштвото преку chat-от, ќе ги користи единствено за комуникација со доставувачот во врска со неговата порака.
Контакт телефон – 02/ 3122 980
Овој сервис служи за добивање на општи информации во врска осигурителните производи, информации за Друштвото, и сл.
Контакт форма
Со користење на контакт формата, лицата до Друштвото ги доставуваат следните податоци: име и презиме, е-маил, телефон. Размената на податоците помеѓу веб- страната (контакт формата) на Друштвото и лицата кои ги внесуваат податоците во формата се одвива преку криптирана врска (https). Податоците кои ги обезбедува Друштвото преку оваа форма, ќе ги користи единствено за комуникација со доставувачот во врска
со неговата порака.
ВЕРЗИЈА 2.0 – јули 2025 година