ОСИГУРЕТЕ ГО ЖИВОТОТ

Осигурувањето на живот поврзано со инвестициски фондови кога осигуреникот го презема инвестицискиот ризик е животно осигурување во кое осигуреникот го презема инвестицискиот ризик, со кое правата што му припаѓаат на договорувачот, осигуреникот или друг корисник врз основа на договорот за осигурување се директно поврзани со  вредноста на единицата на инвестицискиот фонд (ВЕП).

Вредноста на инвестициското портфолио не е гарантирана и исплатата по раскинување на осигурувањето зависи од вредноста на средствата на инвестициската сметка на датумот на раскинување на осигурувањето.

Составен дел на осигурувањето е покритие за осигурување во случај на смрт со гарантирана сума на осигурување во износ од 110% од теоретски наплатената годишна премија за осигурувањето со повеќекратна уплата на премија или 110% од еднократната премија за осигурувањето во случај на еднократна уплата на премија. 

Со ова осигурување можат да се осигуруваат здрави лица кои на денот на прием во осигурување имаат од 14 години до 70 години.

Времетраењето на осигурувањето е неограничено. 

 

ДОПОЛНИТЕЛНА ПРЕМИЈА

Покрај договорената премија, договорувачот на полиса има можност да плати дополнителна премија за инвестициско осигурување живот во секое време до крајот на осигурувањето. Доколку договорувачот на полисата на понудата наведе дека ќе плати дополнителна премија пред датумот на започнување на осигурувањето, вака  пресметаната осигурена сума се зголемува за износот на оваа дополнителна премија

Промена на инвестициски фонд за време траење на осигурувањето е возможна. 

Во случај на промена на инвестициски фонд, друштвото го задржува правото на наплата на еднократен фиксен административен трошок.

 

ИЗБОР НА ИНВЕСТИЦИСКИ ФОНД

Договорувачот на осигурувањето, при склучување на инвестициското осигурување има можност за избор на инвестициските фондови понудени од осигурителот

 

ДОКУМЕНТ СО КЛУЧНИ ИНФОРМАЦИИ

Составен дел на договорот за осигурување е и документ со клучни информации во однос осигурителниот производ во рамки на осигурувањето на живот во врска со удели во инвестициски фондови, при што осигурувачот е должен да обезбеди потврда за прием од страна на договорувачот на осигурувањето кое осигуреникот го добива и се запознава пред да го склучи осигурувањето, а истите редовно се ажурираат и се јавно достапни на веб-страницата на осигурувачот www.prvazivot.mk и во седиштето на осигурувачот.

Документот со клучни информации ги содржи следниве елементи:

  1. Општи податоци;
  2. Кои се клучните карактеристики на производот;
  3. Кои се ризиците и очекувањата од производот;
  4. Кои се последиците во случај осигурувачот да не може да изврши исплата;
  5. Кои и колкави се трошоците поврзани со производот;
  6. Опции за предвремено прекинување на договорот и последици;
  7. Информации за поднесување на приговори и претставки;
  8. Останати релевантни информации.

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ НА ОСИГУРУВАЧОТ

Покрај Документот со клучни информации, осигурувачот е должен пред склучување на договорот за осигурување на живот во врска со удели во инвестициски фондови со договарачот/ осигуреникот да го извести договарачот/осигуреникот и за распределба на премијата по компоненти (премија за вложување, премија за осигурување и трошоци за спроведување на осигурување, износи на даноците, такси и други трошоци кои може да настанат), како и излезните трошоци во случај на откуп на осигурувањето.

При потпишување на понудата за осигурување, осигурувачот го информира договорувачот на полисата со ризичноста од преземањето на ризик од инвестирање и инвестицискиот фонд со кој ќе биде поврзано инвестициското портфолио.

 

РЕДОВНО ГОДИШНО ИЗВЕСТУВАЊЕ НА ОСИГУРЕНИКОТ

Осигурувачот до осигуреникот доставува годишен извештај за склучениот договор за осигурување на живот во врска со удели со инвестициски фондови 

Писменото известување за претходната календарска година осигурувачот го издава најдоцна во рок од 30 дена од завршување на деловната година.

 

ДНЕВНИ ПОДАТОЦИ ЗА ВРЕДНОСТ НА УДЕЛИТЕ

www.sec.gov.mk/AnalitikaFondovi

 

КОРИСНИ ЛИНКОВИ

Генерали Инвестментс АД Скопје (generali-investments.mk)

КБ Публикум (kbpublikum.com.mk)

Македонска берза (mse.mk)

2024 © prvazivot.mk   |   Powered by: Genera Development