Новости  

ПРВА ЖИВОТ АД Скопје почнува со работа!



PRVA Riziko življenjsko zavarovanje - kaj nas resično ogroža?

Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) издаде дозвола за работа на нова осигурителна компанија „Прва живот“.

Согласно Советот на експерти на АСО на редовната седница „Прва живот АД Скопје“ ќе врши работи на осигурување во рамките на групата на осигурување на живот во класата 19 – осигурување на живот.

Друштвото стартува со основачки капитал од 4 милиони евра и средствата се депонирани на посебна девизна сметка на Народна банка на Република Северна Македонија.

Седиштето на компанијата е во Скопје на ул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ бр.6/1 кат 2, 1000 Скопје, Република Северна Македонија.

За извршен член на Одборот на директори е назначен Предраг Милошевски.

Прва Живот АД Скопје е основана од реномираниот холдинг кој две децении управува со пензиски фондови во Словенија, Србија, Македонија и во Косово. Прва Груп заворавалница АД Република Словенија е еден од акционерите и Групацијата има осигурителна компанија во Словенија, а се очекува нивниот влез на нашиот осигурителен пазар да ја подобри конкурентноста во секторот и да придонесе во збогатување на понудата на производи за осигурување живот.

Оваа нова инвестиција активно ќе ја подобри деловната клима и ќе создава услови за вложувања во осигурителниот бизнис.

 



2024 © prvazivot.mk   |   Powered by: Genera Development