Новости  

Советник за продажба



Дали сте комуникативни, амбициозни и ориентирани кон резултати? Доколку сакате работа во осигурителниот сектор, која нуди стабилност, постојан развој и можност за развој аплицирајте веднаш и започнете ја својата кариера како:

“Советник за продажба на животно осигурување”

🟥 Советување за физички лица од областа на долгорочно финансиско штедење;

🟥 Консултантски услуги и подготовка на осигурителни понуди од областа на животното осигурување;

🟥 Грижа за корисници и асистенција на клиентите при административни процедури;

Прва Живот верува дека задоволните и посветени вработени се клучот за успехот и долгорочниот раст на компанијата. Затоа создаваме мотивирачка и поддржувачка работна средина, каде што секој вработен има можност да напредува. Избираме позитивно насочени и ангажирани поединци и им нудиме стимулативни услови за работа и професионален развој.

🟥 Менторска поддршка и редовно дообразување и обука;

🟥 Работен ден прилагоден на сопствениот животен ритам, што овозможува одлична рамнотежа помеѓу страста за работа и слободното време;

🟥 Фиксна плата+ бонус (личен доход креиран според сопствените перформанси)

🟥 Доброволно дополнително пензиско осигурување, приватно здравствено осигурување, основното осигурување од незгода и други бенефиции од услугите на компанијата (по една година од вработувањето).

Квалификации:

🟥 Добри комуникациски вештини;

🟥 Висока мотивација, флексибилност и позитивен однос кон работата;

🟥 Желба за работа на терен и работа со луѓе;

🟥 Најмалку средно образование;

🟥 Познавање на работа со компјутер

Ги очекуваме Вашите апликации на: job@prvazivot.mk.
ПРВА ЖИВОТ АД Скопје


2025 © prvazivot.mk   |   Powered by: Genera Development