Секоја година, во текот на Глобалната недела на парите, младите ширум светот имаат можност да научат како да управуваат со своите финансии и да носат паметни одлуки за иднината.
ПРВА ЖИВОТ е социјално одговорна компанија и се вклучува во поддршка на иницијативата со поттикнувачки совети за штедење. Оваа година, темата „Think before you follow, wise money tomorrow“, односно во адаптација „Расудувај и не следи на слепо, за помудра финансиска иднина“, нè поттикнува да размислуваме критички пред да донесеме финансиски одлуки и да градиме одговорен однос кон парите. Во ПРВА ЖИВОТ веруваме дека финансиската едукација е клучна за сигурна иднина кај сите млади професионалци и семејства и затоа споделуваме корисни совети, за тоа како тие може да заштедат и паметно да управуваат со своите финансии.
ПРВА ЖИВОТ Ви ја претставува ПРВА ИНВЕСТИЦИЈА – полисата за животно осигурување поврзано со инвестициски фондови, кое претставува комбинација на животно осигурување со штедење. Овој продукт е уникатен затоа што инвестициските фондови нудат повисоки приноси, флексибилност со тоа што секој има право да го одбере фондот и достапност до средствата. Договор за ваков тип на полиса за осигурување можат да склучат лица од 14 до 70-годишна возраст.
1. ОСИГУРЕТЕ ГО ЖИВОТОТ. Трошењето нека биде штедење
Пред да купите, запрашајте се: „Дали ми е ова навистина потребно?“ Наместо да ги следите трендовите и да трошите пари импулсивно, размислете за долгорочните придобивки од заштедата. Одвојувањето време за размислување пред да потрошите може да ви помогне да избегнете непотребни трошоци.
2. ОСИГУРЕТЕ ГО ЖИВОТОТ преку месечно буџетирање
Следењето на приходите и трошоците е основа на паметното управување со парите. Направете месечен буџет и одредете колкав дел од вашите приходи ќе се трга на страна за заштеда, а колкав за потреби и желби. Користете апликации или едноставни табели за полесно следење на финансиската состојба.
3. ОСИГУРЕТЕ ГО ЖИВОТОТ и помислете на вредноста на штедењето
Поставете си цел заштеда – без разлика дали е тоа за патување, образование или итни случаи. Малите заштеди со тек на време можат да донесат големи придобивки. Размислете за полиса за животно осигурување поврзано со инвестициски фондови, со траен налог, тип на штедење кое ќе ви помогне да ги тргнете парите од вид и да се заштитите од импулсивно трошење.
4. ОСИГУРЕТЕ ГО ЖИВОТОТ. Бидете свесни за финансиските ризици
Во дигиталната ера, многу млади се изложени на ризици заради непознавање. Важно е да ги проверите информациите пред да вложите или да прифатите финансиски совет од социјалните мрежи. Консултирајте се со финансиски експерти или користете сигурни извори на информации. Добра идеја е да се обратите кај еден од советниците во ПРВА ЖИВОТ.
5. ОСИГУРЕТЕ ГО ЖИВОТОТ. Инвестирајте во вашето знаење
Научете повеќе за личните финансии преку стручни книги, онлајн курсеви и семинари. Колку повеќе знаете за управувањето со парите, толку подобри одлуки ќе носите за вашата финансиска иднина.
Глобалната недела на парите нè потсетува дека секој финансиски избор што го правиме денес, влијае врз нашата иднина. Преку свесно управување со парите, буџетирање и штедење, можеме да создадеме стабилна и сигурна финансиска иднина. Во ПРВА ЖИВОТ сме посветени на финансиската едукација и поддршка на младите во градењето здрави финансиски навики. Запомнете – Расудувајте и не следете на слепо, за помудра финансиска иднина!
ПРВА ИНВЕСТИЦИЈА – полисата за животно осигурување поврзано со инвестициски фондови е секогаш добра идеја!